Наредната генерација на Land Rover, моделот Discovery, веќе е финализирана и го чека погодниот момент за официјално претставување.
Драматично подобрена од моделот на заминување, новата генерација ќе се разликува од него во дизајнот кој веќе нема да биде коцкаст туку налик новиот Discovery Sport, односно концептот Discovery Vision од 2014-та со кој беа најавени и двата модела.
Коцкастиот изглед како синоним за Discovery ќе ја напуштат и неговата внатрешност и ќе го отстапат местото на течните линии кои ќе придонесат за нешто помала појава на сега гломазниот теренец.
Алуминиумското подвозје ќе биде дериват на она од Range Rover и Range Rover Sport, што ќе заштеди голема количина тежина на сега 2,5 тони тешкиот теренец.
Тоа ќе им ја олесни работата на моторите меѓу кои покрај оние од новото Ingenium семејство и понатаму ќе биде трилитарскиот V6 дизел кој се среќава во бројни модели на Land Rover и Jaguar.
Со сите овие спецификации Discovery ќе се помести малку понагоре во сегментот колку да се одвои од помалиот Discovery Sport.
Тоа пак ќе го доближи до Range Rover Sport, што е дел од пазарната стратегија на производителот за креирање поголемо премиум чувство кај сопствениците на теренците од оваа марка.
Сепак, линијата на раздвојување ќе биде јасно задржана.