Доколку ви затреба возило за возење по тешки и екстремни терени, потребно ви е вистинско off-road возило, односно теренец.
Тоа што ви треба е „Avtoros Shaman 8×8“ – чудовишно возило дизајнирано за најлошите руски терени.
Го движи 3-литарски турбо дизел мотор кој произведува 146 коњски сили. Во ова возило возачот не се наоѓа ниту на десната ниту на левата страна, туку е позициониран во средината, што дава уште подобра контрола при возењето.
Цената на ова неверојатно возило е 110.000 долари.