Сепак, однадвор и Civic ќе биде агресивен, со многу авантуристички линии и прилично агресивни преден и заден дел со големи отвори за воздух. Аглестиот дизајн делумно потсетува на оној на актуелниот Accord, но во многу поспортско пакување. Останува уште да видиме каков впечаток ќе остави во живо.
Моторизацијата ќе биде застапена исклучиво со турбо мотори, 1.0 и 1.5 турбо бензинци и 1.6 литарски турбо дизел. Ова е големо подобрување во однос на актуелната генерација, која и натаму се нуди со атмосферските мотори на Honda, кои веќе преку една деценија се вградуваат во најразлични модели на брендот.
Дополнително Honda планира и хибридна верзија, за која Јапонците велат дека ќе има најнапредна технологија на пазарот, која ќе овозможи високи перформанси и многу ниска потрошувачка на гориво и која ќе има “импакт на пазарот каков што имаше VTEC технологијата“.