Компанијата Audi објави видео тизер од новата генерација од својот најпрестижен модел – А8.
Најновиот видео запис ги покажува можностите за автономно паркирање коешто очигледно се активира со помош на далечински управувач.
Од останатите детали, Audi ни го открива уште и дизајнот на предната маска, очигледно инспирирана од концептот Prologue. Задните светла пак се поврзани со украсна лајсна, а тука е и потенцираниот интегриран спојлер.
И кабината е уредена во рамките со нашите очекувања. Според она што може да се види, Audi A8 логично добива дигитален кокпит, а класиката е задржана кога се работи за изборот на материјалите, како што се оплеменетото дрво, алуминиумот и слично.
Премиерата на новото Audi A8 е закажана за 11-ти јули.