Опел на интернет ги објави фотографиите од новиот “astra TCR” тркачки модел кој светската премиера ке ја има на саемот за автомобили во Франкфурт.Овој модел ке се базира на новата астра, а како што му кажува и името наменет е за натреварување во TCR серијата која се состои од национални и континентални шампионати како и глобалната “TCR International Series”.
Деталните спецификации ке бидат покажани покасно но веруваме дека автомобилот под хаубата ке има 2.0-литарски мотор со околу 325КС (242 kW) и до 410 Nm обртен момент.
На рендерираните слики можеме да забележиме дека моделот ке има агресивна предна маска,хауба со вентилација,а тука се и задните спојлери и дифузери кои ги опкружува два масивни врва на издувни цевки.
Во соопштението од Тима Милер од Опел рече:Туринг трките на автомобили одсекогаш биле битни за Опел.Филозофијата на новата TCR серија е во склад со нашата идеја за трка на купувачите.Сакаме на амбициозните прватни тимови да им пружиме платформа за возбудлив спорт со достапна цена.