Иако многумина очекуваа столетието од постоењето BMW да го прослави во Женева, на најпознатиот светски саем на автомобили, баварската компанија сепак одлучи да направи сопствен евент.
Се` се случи во Минхен, каде е претставено футуристичкото возило BMW Vision Next 100, чие име открива за што се работи. А се работи за возило на иднината какво што замислува BMW.
Инаку приказната за BMW фабриката за автомобили започнала на 7 март 1916 година кога Карл Фридрих Рап ја основал Bayerische Flugzeugwerke (BFW – Баварска фабрика за авиони) што всушност е претходник на компанијата која денес ја познаваме и токму деновиве се слави еден век од постоењето. BMW своето денешно име, што е кратенка од Bayerische Motoren Werke го добил на 21 јули 1917 година.