Сите знаеме дека димензиите на гумите значително влијаат врз возните својства на нашето возило. Но, што е со фелните?
Eкипата на Tyre Reviews користејќи ист автомобил во идентични услови и со исти гуми направи одличен тест за фелни. За полигон ја обра патеката на Goodyear на југот на Франција, а за тестот користеше Volkswagen Golf GTI.
На него, според спецификациите на производителот, монтирани беа Goodyear Eagle F1 Asymmetric 3 гуми со димензии 225/35 R19, 225/40 R18 и 225/45 R17 со 19, 18 и 17-инчни алуминиумски фелни.
Видеото подоле ќе ви открие како наведените димензии на фелни се однесуваа на суво, на влажно и колку влијаеа на бучавата.
Тест возачот Џонатан Бенсон исто така се обиде на објективен и субјективен начин да покаже кој е најдобриот избор.