Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ е единствениот судија и ментор што ќе го гледаме и во втората сезона на
„Х-фактор Адрија“.
Новите ѕвезди кои ќе одлучуваат за судбината на талентите од пет поранешни ју-републики се српската пејачка и авторка Александра Kовач и хрватските музичари Тончи Хулиќ и Масимо Савиќ.
Се очекуваше во жирито да биде и Емина но до промена дојде во последен момент. Емина Јаховиќ доживеала непријатност кога продукцијата на Х Фактор и ги соопштила своите ставови и шокирана се вратила дома и се откажала од учество.
Продукцијата не сака да ги финансира основните потреби, како што се фризер и шминкер. Иако им го прости хонорарот кој и го должат уште од минатата сезона на Х Фактор, таа одлучи и оваа година да им излезе во пресрет. Но, бидејќи е познато дека кај вака големи проекти продукцијата е таа што ги обезбедува основните потреби на членовите на жирито, како што се фризер и шминкер кои секако работат на сетот, Јаховиќ очекувала да го добие најосновното.
Имаше шпекулации и за наш претсавник, поточно за Калиопи, но нема ништо од тоа. Продукцијата завчеравечер го објави составот на жирито, а таму нема место за Македонец, иако победник во првата сезона на „Икс-фактор“ беше токму Даниел Кајмакоски, а најголемиот дел од гласовите на телевоутингот доаѓаа токму од овде.