Доколку се обидувате да ги намалите килограмите, немојте да мислите дека храната е вашиот непријател. Наместо тоа, одберете некој од следниве продукти со кои нема да гладувате, а сепак ќе ги намалите килограмите.
Јајце
Јајцата се концентриран облик на животинските протеини, но без маснотии што ги има во месото. Замената на тостот или житарките за појадок со едно јајце, овозможува губење на повеќе килограми отколку што тоа го овозможува оброкот сочинет од јаглеродни хидрати.
Овес
Да, овесот е полн со јаглеродни хидрати, но, овесот е житарка што има моќ да создаде чувство на ситост. Исто така овесот содржи состојки што го намалуваат холестеролот и мастите во крвта. Бавно се вари, со што не се зголемува шеќерот, но се создава чувство на ситост.
Млеко
Докажано е дека комбинацијата на калциум, витамин Д и протеините, што се дел од млекото и јогуртот со намалени масти поттикнуваат поголемо топење на килограми, а притоа ја задржуваат масата на мускулите.
Јаболка
Бројни истражувања покажуваат дека со јадењето на јаболка половина час пред оброкот се намалува внесувањето на калории. Јаболката го спречува нарушувањето на метаболизмот, високиот крвен притисок и покачениот холестерол. Исто така, јаболката содржи пектин кој се врзува со водата и ја намалува количината на маснотиите кои телото ги апсорбира.
Цимет
Овој зачин има голема сила за разградување на шеќерот. Со секојдневното консумирање на (една четвртина со две лажички) цимет можете да го намалите шеќерот во крвта и холестеролот дури за 10-20%. Овој зачин се нанесува на било кој оброк. Можете да го ставите дури во чај, млеко, кафе.
Бадем
Првата помисла на јаткасти овошја е дека содржат масти и дека дебелеат. Оревите, костените, бадемите, кикириките, лешниците, ф’стаците се калорични, но даваат многу енергија и исто така се многу хранливи и ефикасни во борбата против холестеролот и триглицеридите.
Црвено месо
Најверојатно не можете да го замислите црвеното месо како диетална храна, но месото содржи големи количини на протеини кои помагаат за одржување на масата на мускулите.