Убавата ТВ презентерка и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии од нејзиниот најнов ангажман кој е доста поразличен од она светло во кое сме навикнале да ја гледаме.
Станува збор за снимање на спот за химна на Театар без маска, под наслов „Игри без дискиминација“ во Македонскиот Народен Театар, во кој се најде и водителката Ирена Спировска.
Ова не е првпат Татјана да се појави во јавноста во поинаква улога освен презентерската, а досега ја имаме видено и како манекенка на неколку хуманитарни манифестации.