Ситуацијата во „Парови“ веќе одамна е излезена надвор од контрола, а по Маца Дискреција и Тијана Ајфон, Гастоз реши да си ја проба среќата и со Јелена Голубовиќ.
По емитувањето на емисијата во живо, Гастоз под дејство на алкохол почнал да ја напаѓа Јелена која се бранела со зборовите дека не е заинтересирана.
Тој ја убедувал дека повеќе не сака „клинки“ крај себе, туку нешто конкретно и искусно. Режисерката на сите начини се обидела да се одбрани од младата Јутјуб ѕвезда, потенцирајќи дека е пијан и дека не знае што прави.
Сепак, тој бил истраен во неговата намера, па дури неколку пати се обидел да ја бакне. Дали се работи само за шега или пак Гастоз решил да ги освои сите жени во шоуто, ќе дознаеме наскоро.