Вилата на „Парови“, вечерва ќе биде побогата за уште три нови станари. По контроверзниот рапер Вук Моба, ќе влезе и една вистинска „бомба“ за мажите, манекенката Наташа Шавија, како и фронтменот на „Купидон Бенд“, Марко Шарац.
Оваа млада манекенка, дефинитивно ќе предизвика хаос во ријалити шоуто „Парови“, бидејќи нејзината појава просто мами воздишки на многу мажи, додека Марко Шарац ќе им го помати разумот на девојките во вилата. Сигурни сме дека вечерва ќе биде многу интересно, бидејќи љубомората помеѓу станарите е голема, а како ќе реагираат на влегувањето на Марко, Вук и Наташа, ќе дознаеме од 19:45 часот на ТВ Хепи, кога тие ќе го поминат прагот на луксузната вила.