Вчера бевме сведоци на нова фаза од натпреварувањето на Икс Фактор, „Куќа на судиите“, каде кандидатите се претставија пред своите ментори и нивните специјални гости, но во домашна, интимна атмосфера.
Познато е дека оваа фаза од натпреварувањето е специфична и поради локацијата каде што се снима, а оваа година сме сведоци на луксуз кој го има на сите страни.
– Овогодинешниот „X-Factor“ го снимавме на навистина ексклузивни локации – во Војводина и во Белград. Жељко своите кандидати (девојките) ги собра на преубав, луксузен имот – величествена куќа која датира уште од минатиот век, додека Масимо, бидејќи се пресели во Белград, своите кандидати (постарите од 27 години) ги пречека во неговиот луксузен апартман во реномиран хотел во срцето на Белград. Сите натпреварувачи, судии и целата екипа која го реализира шоуто секогаш се добро расположени на снимањата, така што секое снимање е единствено искуство – вели извор близок до продукцијата.