Иако на почетокот тврдеше дека нема домашно видео, овојпат Маца Дискреција на учесниците во “Парови“ им призна дека снимката која претходниот ден Миломир Мариќ ја покажал пред сите на екранот е нејзина.
– Не се изнервирав, туку напротив весела сум.
Мислам дека тоа го објавило моето поранешно момче и не гледам тука ништо лошо. Тоа сите нормални и здрави луѓе го прават. Нема тука ништо страшно. Кога може една Памела Андерсон, може и Маца.
Јас ништо не кријам. Сакам секс, што има тука лошо. Уште на почетокот од шоуто кажав дека сум искусна.
Кога ќе излезам оттука ќе снимам нов филм ама ќе гледам да биде на некое убаво место, на јахта на пример. Кога може Северина, можам и јас, изјави Маца.