Најчести прашања на бремените жени се секако што треба да јадат за време на нивната бременост, која храна може да му наштети на фетусот, што е здраво, што не…
Меѓу овие прашања е секако и она за медот: дали е здраво да се јаде мед додека жените се бремени?
Одговорот на ова прашање е ДА!
Многу познати гинеколози, а воедно и научници ја објаснуваат оваа појава.
Воедно, сите родители се свесни дека не треба да му даваат мед на дете помало од 1 година затоа што медот содржи спори на бактерија која може да предизвика појава на сериозно труење од храна или ботулизам.
Оваа бактерија се населува и најчесто се развива и размножува во делови од организмот со ниска киселост.
Бебињата се идеална средина за живот на спорите.
Кај едно неродено бебе, спорите можат да преживеат и да ја предизвикаат оваа болест, затоа што дигестивниот тракт кај бебето нема голема киселост и не е доволно јак за да се бори со овие спори и да ги уништи.
За разлика од децата, дигестивниот тракт кај повозрасните е доволно силен за да се бори и да ги уништи спорите од оваа бактерија, па затоа една бремена жена која јаде мед не го става своето бебе во опасност.
Некои спори можат да бидат нежни и да не предизвикаат создавање на токсини и некои посериозни болести, додека некои можат да бидат смртоносни.
Бремените жени слободно можат да внесат и мед во својата исхрана затоа што нивниот дигестивен тракт содржи голема киселост со што ќе го спречи растењето на спорите и нивното понатамошно размножување. Никакви токсини нема да се формираат, а со тоа фетусот или веќе развиеното бебе нема да бидат ставени на никаков ризик.
Со ова се докажува дека медот уште еднаш успеа и не ги разочара оние кои го консумираат.