Холивудскиот комичар Џим Кери има 53 години, а новата жена во неговиот живот има 28. Според гласините станува збор за Катриона Вајте од Ирска, шминкерка е по професија, а живее и работи во Њујорк.
Жолтите медиуми тврдат дека Џим ја познава убавицата од крајот на 2012 година, но тогаш двајцата имале само краток флерт кој не се претворил во сериозна врска, и покрај желбата на актерот.
Интересно во случајот е дека Катриона е на иста возраст како ќерката на Кери, кој пак пред пет години го направи дедо.
Џим беше женет двапати. Во 1987 година тој се ожени келнерката Мелиса Вомер, со која живееше осум години и која му го раѓа единственото дете – Џејн Ерин Кери.
Една година по разделбата со својата прва жена, во 1995 година, Џим се жени со актерката Лорен Холи, во која се вљубува на сетот на комедијата “Глупав и поглупав”. Бракот им трае помалку од една година.
Освен тоа тој имал врски со актерките Џенери Џонс, Рене Зелвегер и Џени МекКарти.