Сексипилната ТВ водителка се пожали на дел од задачите во емисијата „Ѕвездите на Гранд – Специјал“.
Водителката на Ѕвездите на Гранд, Сања Кужет откри како се чувствувала неодамна на сцената на Гранд кога ја допирал Милан Митровиќ како дел од задачите во емисијата „Ѕвездите на Гранд – Специјал“.
– Можеше да се забележи дека ми е непријатно и дека задачата беше навистина неочекувана. Бев во многу кусо фустанче, а папарацо фотографите напаѓаа од сите страни што за мене беше дополнителен притисок. Тоа оптоварува, а всушност целта на нашето гостување е нешто сосема друго – изјави згодната водителка.