Пејачот Енрике Иглесијас заработи сериозна повреда на својот концерт во Тихуана, Мексико, кога дронот со кој се снимаше концертот му ги пресече прстите на едната рака.
Како што пренесуваат светските медиуми, а судеќи и по сликите Енрике на концертот во Мексико сериозно ја повредил раката, во обид да го фати дронот кој го снимал неговиот настап.
Намерата на пејачот била да го направи настапот поинтересен и гледачте да добијат поинтересно видео, но работите тргнале наопаку.
Тој бил советуван веднаш да го прекине концертот, но шпанецот иако бил повреден продожил и понатаму да пее.
Сепак крварењето не престанало дури и по половина час со што принудно морал да го прекине спектакалот.
Пејачот бил пренесен веднаш на аеродром, со амбулнатно возило.