Јапонците се првенци во светот по должина на животот, што во Земјата на изгрејсонцето просечно трае 86,4 години. Голема заслуга за овој факт има начинот на исхрана на Јапонците.
Еве ги десетте главни причини за долговечностa:
1. Во Јапонија секогаш се јаде свежо подготвена храна. На прехранбените производи се наведува датумот на производство туку часот.
2. Населението во Јапонија конзумира речиси 10% од светскиот принос на риба, иако тие претставуваат околу 2% од населението на Земјата, на тој начин ја набавуваат потребната дневна доза. Омега-3 масните киселини, гарантираат здравје и долг живот.
3. Сино зелените алги се уште еден незаменлив дел од јапонската кујна. Оваа суперхрана е моќен антиоксидант, го прочистува организмот од токсините и го забавува процесот на стареење.
4. Во исхраната на Јапонецот влегува пет пати повеќе зеленчук отколку што ние обично конзумираме.
5. Јапонците се светски лидери во потрошувачка на производи од соја, чиј што протеински состав и содржина на есенцијални аминокиселини, се најблиску до оние на месото, во споредба со останатата растителна храна.
6. Јапонците секој ден појат зелен чај, кој освен со други неспорни квалитети е и силен антиоксиданс, го инхибира растот на клетките на ракот, без да ги оштети здравите ткива.
7. Во Јапонија не обожаваат да мешаат многу производи во едно јадење. Тие се водат и од правилото: колку помалку садови – толку подобро. Храната речиси никогаш не се украсува дополнително.
8. Јапонците секојдневно консумираат големи количини на свежо овошје и зеленчук.
9. Порциите во Јапонија се мали. Садовите за храна се три пати помали од оние кои ние ги користиме.
10. Од деца Јапонците учат да јадат полека и да ја соџвакуваат храната подобро, со цел да уживаат во секој залак и подобро да ја сварат во организмот.