По големиот број на учества во интернационални музички натпревари, како „Славјански базар“ и „Сан Ремо“, малата скопјанка која кариерата ја почна уште на 4 години, денеска веќе е тинејџерка, за која допрва ќе слушаме.
Ања Ветерова, која пред цели пет години ја пееше „Ео, ео“ за Македонија на детската „Евровизија“, сега е 15-годишна убавица и девојка која нема намера да се откаже од музиката.
Неодамна Ана промовираше и нова песна со наслов „Покажи ми“.
Извор: Курир