Уште не сте заздравиле, а следната настинка веќе е на вашата врата и покрај високите температури? Време е да поработите на вашиот имунитет, а како поинаку ако не со промена на правилна исхрана и на здрави продукти. За вас направивме топ 5 листа на продукти кои го јакнат имунитетот.
Брокула
Поради својот единствен вкус и високата хранлива вредност, брокулата е еден од најпопуларните зеленчуци на запад. Правилната подготовка е клучна за најдобар вкус и за одржана прехранбена вредност. Најздрав начин на подготовка е готвењето на пареа за само 5 минути.
Јаткасти плодови
Не само што се богати со витамини и минерали, јаткастите плодови содржат и мононезаситени масти, есенцијални омега 3-масни киселини и фитостероли, кои на одличен начин го подобруваат здравјето. Ова овошје најдобро ќе го искористите ако го јадете во комбинација со производи кои содржат малку заситени масти и холестерол и со оние што содржат малку калории. Се препорачува јаткасти плодови и семки да се јадат барем 5 пати неделно.
Лук
Како незаменлив во речиси сите светски кујни и со богат извор на витамини и минерали лукот е единствениот производ за чување на здравјето и за збогатување на вкусот на различни јадења. Не треба да се готви во масло и на високи температури, бидејќи може да создаде слободни радикали и колку повеќе се пече или вари со јадењето толку повеќе ќе ги изгуби своите лековити својства.
Лимон
Најквалитетен лимон е оној што е сосема зрел, тежок за својата големина и има мазна и тенка кора. Треба да биде сосема жолт и без зелени делови на кората. Свежиот лимон е посочен кога се чува на собна температура и трае 5 дена подолго ако не се чува во фрижидер.
Праз
Како да го препознаете највкусниот праз? По тоа што е цврст, има темнозелени листови, исправен е и има долг бел врат. Избегнувајте жолт праз или оној со напукната главица. Најздрав е ако се готви 7 минути.