Атрактивната убавица од Барбадос Ријана ќе им дава совети на учесниците во деветтата сезона на музичкото талент шоу “The Voice”.
Во новата сезона додава уште едно познато име освен Гвен Стефани ќе биде една од четирите познати личности кои ќе жирират во шоуто, кое започнува на 21 септември.
Претседателот на NBC телевизија, Роберт Гријнблат, соопшти дека Ријана исто така ќе има главна улога во проектот. Тоа ќе биде клучен советник на учесниците оваа есен. Пред неа оваа функција ја извршувале Тејлор Свифт и Крис Мартин. Таа ќе може да ги поучува сите натпреварувачи во четирите тима, предводени од судиите, Адам Лавињ, Блејк Шелтон, Фарел Вилијамс и Гвен Стефани.