Ќерката на познатиот пејач Миле Китиќ, Елена, го прослави својот 18-ти роденден.
Познато е дека таа наголемо работи на музички албум но за разлика од татко и, таа се одлучила за поп музиката. Меѓу гостите се најде пола српска естрада, меѓу кои и Милан Станковиќ, Гоца Божиновска, Злата Петковиќ, Џоле Џогани и уште многу други. На прославата имаше околу 250 гости, а во еден миг запеала и самата славеничка, која сите ги воодушеви со својот вокал.
Како јаготка на шлагот и како специјално изненадување за Елена на бината се појави и Адил Максутовиќ, бидејќи тој бил нејзина желба.