Неколку американски научници објавиле текст во кој се разбиваат предрасудите за некои универзални медицински митови.
На пример, за дневното количесто на вода кое наводно треба да изнесува осум чаши, не постојат никакви научни докази.
Читање на слабо светло може да го оштети видот
Повеќето офталмолози веруваат дека постојат многу мали шанси за оштетување на видот доколку читате на слабо светло, но може да делува на појава на повремено слепило, почесто трепкање или потешкотија при изострување на сликата, симптоми кои ќе исчезнат за помалку од 12 часа.
Бричењето е причина за побрзо растење на влакната
Научните истражувања покажале дека бричењето нема никаква улога во дебелината или густината на влакната кои растат повторно, но кратките и остри влакна кои растат веднаш по бричењето оставаат впечаток на дебелина и густина, за разлика од долгите влакна кои се потенки на врвовите.
Конзумирањето на месо од мисирка доведува до заспаност и мамурлак
Факт е дека месото од мисирка кое ја содржи аминокиселината триптофан се метаболизира во серотонин кој делува на сонот и расположението. Но, месото од мисирка содржи иста количина на триптофан исто како и пилешкото или говедското месо.
Користиме само десет проценти од способноста на мозокот
Овој мит се појавил во 1907 година, но научниците тврдат дека ниту еден дел на мозокот не е сосема неактивно.
Косата и ноктите продолжуваат да растат и по смртта
Овој мит потекнува од хорор романите. Научниците објаснуваат дека по смртта настанува сушење на кожата, што доведува до нејзино повлекување, па со време ноктите изгледаа подолги.
Мобилните телефони се опасни во болница
Научниците докажале дека постои минимална интерференција од мобилните телефони во однос на медицинската опрема која не е опасна по здравје.