Поранешната членка на групата „Тап 011“, пејачката на рок составот „Негатив’ е примена во Клиничкиот центар каде и е вграден стент поради проблеми со срцето.
Ивана Петерс е сега стабилна и успешно закрепнува по зафатот. Таа почувствувала голем притисок и болка во градите, а по прегледот е заклучено дека имала дури два инфаркти. Потоа е оперирана и вграден и е стент, а сето тоа се одвивало толку брзо што таа не била ни свесна колку и е сериозна ситуацијата – пренесува „MK News“.
Ивана е мајка на петгодишната Сара, која ја доби благодарејќи на вонтелесно оплодување, на кое му претходеше комплицирана операција на циста на јајниците.