Љубовната врска на Шабан Шаулиќ и младата пејачка Ивона Неговановиќ се уште трае.
Шабан одлучи да се смири и да го намали гледањето со Цуца поради сопругата Гоца, која му се закани со развод. Сепак не можеше целосно да се откаже.
Шабан и се закани на Цуца дека дефинитивно ќе ја остави ако само уште еднаш некаде се појави нивна заедничка фотографија. Тој се сомнева дека Цуца цело време е во контакт со новинарите и дека им го јавува местото и времето каде се гледаат за да му наштети. Од друга страна, тој се уште е многу заљубен во неа, па не сака да ја остави, изјави извор близок до фолк пејачот.