Педесет и седум годишната актерка, Шерон Стоун се разголи за објективот на Марк Абрамс, на кого позираше за Харперс Базар. Актерката си ги откри и телото и душата за списанието, објаснувајќи колку е тешко повторно да се искачиш на врвот, по преживеаното крварење во мозокот во 2001 година.
– Паднав од возот кој јуреше како куршум, а сега одеднаш морам да ползам низ брдо послано со срча, за да се вратам во возот кој оди со брзина од километар ипол на час. Така е како што е. Подобро е понизно да молчам и да ја завршам таа табота. Ако не можам да го направам тоа, нема да можам да направам ништо друго – се присетува актерката на тешката 2011 година.
Меѓутоа, насмевката брзо и се враќа на лицето и при крајот на интервјуто вели:
– Ако има некој кој е полнолетен и сака да ме покани на состанок, го молам да се јави во редакцијата на „Харперс базар“ – порачала атракивната русокоса актерка.
Таа никогаш немала проблем со тоа да се разголува, како на филмот така и за бројните магазини. Пред две децении Шерон залуде милиони мажи со улогата во филмот „Ниски страсти“ и стана секс симбол во Холивуд.
Денес во 58-тата година од животот покажала дека нема од што да се срами и нејзиното тело се уште е во одлична форма, па одлучила уште еднаш да се разголи.