Дискавери го претставува следниот голем чекор за човештвото – Телескопот Џејмс Веб

Спонзорирани линкови

Од настанувањето на цивилизацијата, па сѐ до денес, луѓето гледаат во небото и постојано се прашуваат како настанала вселената, од каде сме дошле или дали сме сами во вселената?

Низ столетијата смислувавме начини и правевме различни алати кои би ни помогнале да одговориме на овие прашања. Филмот „Телескоп”, ќе ги одведе гледачите на патување низ историјата на телескопите од Галилео, Њутн, преку Хабл, па сѐ од најновиот и најсофистициран телескоп наречен „Џемс Веб”, кој сѐ уште се склопува. Токму овој телескоп ќе може да ни ги приближи одговорите на голем број прашања. Дискавери премиерно ќе го прикаже документарниот филм „Телескоп” во недела на 29 мај, со почеток во 22 часот.

Филмот „Телескоп”,режиран од Натаниел Кан, претставува динамично патување зад кулисите и поглед на еволуцијата на телескопот преку новиот телескоп „Џејмс Веб” кој се изработува во НАСА. Овој масивен инструмент, ќе биде 100 пати помоќен од вселенскиот телескоп „Хабл”. Ќе функционира како временска машина што ќе биде способна да го открие потеклото на вселената и да го идентификува потенцијалниот живот на планетите надвор од Сончевиот систем.

Во филмот е прикажан досега невидениот пристап на луѓето до технологијата, а во целиот проект се вклучени астрофизичари, инженери од „Нортхорп груман”, луѓе од НАСА, кои работат во вселенскиот центар за летови „Годард”, и институтот „Спејс телескоп сајнс”, оперативниот центар за „Хабл” и за „Веб”. Документарецот ја покажува високоризичната мисија за изградба на овој масивен научен инструмент и претставува сеопфатен поглед на 400-годишната историја на телескопите, почнувајќи од Галилео во 1609 година.

Во изградбата на телескопот „Веб”, вклучени се илјада луѓе од 14 земји, кои заедно користат 8 милијарди долари наменети за истражување. На тој начин тие го почнуваат еден од најголемите и најамбициозни научни проекти до сега. Телескопот мора да биде совршен и без грешка, затоа што нема да постои шанса за негова поправка доколку се случи некој проблем. Инаку, лансирањето и испраќањето на телескопот во вселената е закажано за во октомври 2018 година.

Во последните 400 години човекот гледаше во ѕвездите низ инструменти за да го сфати своето место во вселената. Со својот примитивен телескоп, Галилео откри дека Месечината не е совршена топка, дека Венера има фази, дека Млечниот Пат е составен од ѕвезди, како и сателитите што кружат околу Јупитер. Секако најзначајното откритие, е доказот дека Земјата не е центар на сѐ, како што се мислело претходно.

Низ вековите, со напредокот на телескопите , научниците може појасно да ја видат вселената, притоа откривајќи ги новите планети како Уран и Нептун, докажаа дека Млечниот Пат е само една од многуте галаксии, дека вселената постојано се шири…. Телескопот „Хабл”, кој годинава наполни 25 години, им овозможи на научниците да ја одредат староста на вселената, да го потврдат постоењето на црните дупки, па дури и да ги анализираат атмосферите на планетите што кружат околу други ѕвезди. Лансирањето на телескопот „Кеплер” во 2011 година, доведе до откривање многу планети надвор од нашиот Сончев систем, за кои денес можеме слободно да кажеме дека околу секоја ѕвезда орбитира барем една планета.

Документарниот филм говори за тоа како телескопот „Веб”, ќе почне со мапирање на сите места на кои потенцијално еден ден би можеле да отидеме и да се населиме. Иако „Веб” ќе ни овозможи да почнеме со пронаоѓање на одговорите на многу прашања, потребни се поголеми и помоќни телескопи и нови техники за да можеме навистина да го разбереме нашето место во вселената, за еден ден да можат да не однесат на патување надвор од Сончевиот систем.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford