Сораја Вукелиќ се почесто ги преуредува фотографиите во фотошопот. Да ги покрие недостатоците или пак да ги доразубави фотографиите е целта на оваа млада старлета.
Старлетата често си дозволува да се избламира со фотографиите на кои ги издолжува нозете, ги зголемува градите, го искривува телото, ги зголемува јагодиците на лицето, а овој пат го намали струкот.
Иако има уште многу време до летото, Вукелиќ се оддала на вежбање, за да ја врати линијата до совршенство. Сепак, изгледа не е задоволна со резултатите, штом ги прередува фотографиите.