Нашиот Трајче Ѓеоргиев за прв пат доживеа да биде искритикуван од жирито поради лошиот настап. Младиот струмичанец ја пееше песната на Тони Цетински „Ако то се зове љубав“, но не го воодушеви жирито на „Ѕвездичките на Пинк“.
-Иако Трајче е еден од најдобрите натпреварувачи, не би било фер да не искоментираме и некои од лошите натпревари на Барселона. Не е добар натпреварот, но ти си се уште еден од најдобрите играчи – рече Хари.
-Треба да му се даде поддршка. Ова не е стил на поп песна, помалку звучеше џипси. Не ти доликува – рече Леонтина.