Во текот на номинациите во вилата на „Парови“ изби караница помеѓу станарите, а една од главните теми беше големиот број на гласови за исфрлање на Лепа Лукиќ од „Парови“.
Додека се расправаа, Лепа истакна дека таа останува во вилата два месеца.
– „Јас не сум исфрлена! Не ме допира тоа. Јас со продукцијата имам договор на два месеца, така да не размислувам околу тоа. Јас со нив можам да се договорам како јас сакам и како ми одговара.“ – рече Лепа во бес, по што водителката ја прекина и ја опомена.
– „Ве молам повеќе да не ја спомнувате продукцијата и да не спомнувате такви работи. Единствено нешто по што продукцијата се води е по гласовите на гледачите.“ – рече водителката.