22-годишниот охриѓанец Бобан Мојсовски многумина го сметаат за главен фаворит на Македонија за победа на овагодинешниот Икс Фактор Адриа.
Жирито остана без зборови по настапот кој беше еден од највпечатливите во синоќената епизода на „Икс-фактор“.
– Се наежив – краток беше Масимо Савиќ.
Тончи Хулиќ, пак, рече дека нема потреба да зборува и дека неговото „да“, кажува сѐ.