Вистински хаос настана вчера вечер во вилата на „Парови“ кога Тијана Ајфон ја праша Ружица Вељковиќ како ќе му соопшти на Игор Х дека е бремена.
На прашањето на Ружица од каде ѝ е такво нешто, Тијана и објасни дека во корпата за отпадоци го видела тестот за бременост, како и тоа дека новинарите ја прашувале за тоа.
– „За што зборуваш!? Како можеш така да лажеш!? Многу добро знаеш дека новинарите сешто прашуваат! Јас со Игор бев во пријателски односи и тоа го повторувам. Немаше шанси да забременам со него.“ – се правдаше згодната Ружица, а потоа признала дека навистина и касни менструацијата:
– „На Јована само ѝ реков дека ми е чудно што ми касни 10 дена, никогаш не е толку. Тоа е сѐ. Никаков тест не сум направила“ – додаде Ружица.