Новите станари вечерва се вселија во вилата на „Парови“ и уште на самиот почеток внесоа целосна узбуна. Иако сите ги поздравија, некои погледи на станарите, говорат дека ќе биде многу интересно.
Вук Моб, Наташа Шавија и Горан Ранковиќ влегоа вечерва во шоуто „Парови“ и уште на самиот почеток предизвикаа голем број на коментари. Иако сите ги поздравија, еден дел од станарите ги покажаа првите знаци на љубомора. Имено, Атина Ферари и Маца Дискреција веднаш почнаа со провокации кон младата манекенка и пејачка, која пред да влезе во вилата изјавила дека Атина и Маца се прости и грди, како и тоа дека би сакала да ги исфрли надвор.
Многу возбудувања не очекува вечерва, а специјално изненадување ќе настане кога ќе влезе Марко Шарац кој важи за еден од главните заводници.