Денеска започнаа првите проби за јубилејното 60. издание на „Евровизија“, кое ќе започне на 19 мај во Виена, Австрија.
Денеска на евровизиската сцена своите настапи ги вежбаа дел од учесниците од првата полуфинална вечер, меѓу кои и нашиот претставник Даниел Кајмакоски.
Како што е познато, пејачот ќе настапи заедно со триото „Мрџ“ составено од поранешни членови на легендарната ар-ен-би група „Блекстрит“, кои ќе имаат улога на придружни вокали, за нивниот изглед ќе се погрижи Ивана Рабреновиќ, а кореографијата и сценографијата ја осмисли Мојца Хорват.