Во реалното шоу на телевизијата “Хепи” не недостасуваат скандали па така нема ниту еден ден на помине во монотонија а некој да не се скара, или да не заврши во кревет.
Учесничката на реалното шоу случајно откри дека постои систем на “бонуси” од продукцијата за голотија, секс или караница.
Манекенката Ејми рече дека неа и била понудена тарифата од 500 евра за секс, а 300 за караница, пренесува “Свет”.
Бидејќи учесниците прават толку многу скандали што секој ден добиваат по некоја казна во вид на изолација и одземање барем на стотина евра од хонорарот, не е исклучено после сите тие расправии и голотија всушност на крајот да бидат на “нула”.