24-годишната Босанка, Моника Радуловиќ е избрана за Мис Универзум Австралија, во земјата во која пребегала како дете.
Моника во Австралија дошла во 1994 година со своето семејство. Имала само 4 години кога со родителите го напуштила родниот град Завидовиќ. Тие заборавиле на се зад себе и се упатиле во оваа далечна земја.
Радуловиќ во конкуренција на 34 убавици е избрана за најубава и ќе ја претставува Австралија на меѓународното финале на Мис Универзум кое ќе се одржи при крајот на годината.
Таа изјавила дека сака да биде позитивен амбасадор на Австралија и дека сака достоинствено да ја претставува оваа земја. Инаку е дипломиран психолог на Вестерн Сиднеј универзитетот.