Хрватската ријалити ѕвезда, Ава Карабатиќ, наскоро на списокот на своите занимања ќе ги додаде атриубутите танчерка и водителка на италијанскиот Канал 5.
– По двата завршни испита во јуни и јули, се подготвувам работно да го поминам летото. Сите со нетрпение ја очекуваат премиерата на мојата нова песна „3 пати на ден“, а верувајте и јас – изјавила Ава и открила дека за новата песна ќе снима спорт во Белград.
Паралелно со музичката кариера Карабатиќ планира да заплива и во нова професија.
– Кон крајот на август заминувам во Рим, бидејќи во октомври ќе почнам да работам на италијанскиот Канал5. Шоуто ќе биде верзија на „Танц со ѕвездите“, а покрај мене како водител ќе биде еден од најпознатите италијански актери Дучио Џордано, негативец од познатата серија „Маѓепсани“. Веќе со месеци посетувам зумба часови за да ја одржувам кодицијата и секој ден пливам по два часа – изјавила Карабатиќ (26).