Една љубовна двојка е веќе добро позната на музичкото натпреварување „Икс фактор“, а тоа се Нина и Петар од „Хајвеј трио“, но на повидок е нова романса.
Имено, се шпекулира дека Душан Шаренац, член на „9 Control“ е во врска со младата 20-годишна танчарка Маријана.
-Тие двајца од почетокот се многу блиски, но не сакаа да почнат љубовна врска пред да заврши натпреварот затоа што се професионалци и мислеа дека тоа ќе им пречи при заедничката соработка. Но бидејќи шоуто се ближи до крајот, и двајцата пред некој ден јавно ја претставија врската, вели извор близок до двојката.
На фотографијата Маријана стои веднаш до Душан, облечена во сино бикини.