– „Ова што го доживеав во шоуто ме дрма повеќе од секој наркотик.“ – рекла старлетата.
Како и вообичаено, Маца Дискреција сака да биде во центарот на вниманието, па сега ја шокираше јавноста со признание дека има пробано разни наркотици.
– „Имам пробано „спид“, „бело“ и „екстази“. Тоа се најјаќите дроги и не дај Боже на никој како тоа да им удари во глава. Ова што го доживеав во шоуто ме дрма повеќе од сето тоа.“ – признала со насмевка Маца, која нејзината мајка Хатида не ја дочекала по излегувањето од „Парови“, бидејќи е болна.
– „Едвај чекам да ја видам за некој ден кога ќе се вратам во Босна, сега имам пари, па ќе и помогнам да се излекува. Ќе и ги купам сите лекови кои мора да ги пие и ќе ангажирам добри доктори.“ – објаснила Маца.