Победник во „Ѕвездите на Гранд“ за 2015 година е Харис Берковиќ! По жестоките борби во суперфиналето, публиката преку СМС гласови ја избра новата музичка ѕвезда, која како главна награда доби стан во Белград и комплетно ЦД. Второпласиран е Семир Јахиќ, на кого му припадна автомобил марка „Шкода“, додека третото и четвртото место го заземаа Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.
По долготрајното бирање на кандидатите на аудициите, а потоа деветмесечната борба и премин во финалето и доаѓање до самиот врв на натпреварувањето, успешно е завршена и деветата сезона на серијалот „Ѕвездите на Гранд“. Суперфиналисти беа Харис Берковиќ, Ален Хасановиќ, Семир Јахиќ и Филип Божиновски, а за победник во натпреварувањето со убедливи гласови е избрано талентираното момче од Босна и Херцеговина, Харис Берковиќ.
Потрагата за нови музички таленти се продолжува. Аудициите за следната сезона на најгледаното музичко шоу се веќе почнати.
За крај, погледнете еден од најдобрите настапи на победникот на деветата сезона на „Ѕвездите на Гранд“: