Вилата на луксузниот хотел на „Малдиви 2015“, од денес стана побогата за уште една дама, станува збор за младата пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ и „Ѕвездите на Пинк“, Милица Тодоровиќ.
Младата и атрактивна пејачка, од денес стана рамноправен натпреварувач со останатите учесници во „Малдиви“, кој ќе се бори за вредна награда од 70.000 евра. Пред самиот влез, Милица вети дека ќе се потруди да биде интересна, а исто така на своите цимери ќе им ги исполнува музичките желби.
Не верува дека може да ѝ се случи љубов, но ни тоа не е исклучено, бидејќи како што и самата вели во затворен простор сѐ е можно.