Иако сите помисливме дека по реалното шоу „Малдиви 2015“, продукцијата на телевизијата „Happy“ нема да започне ниту едно ново шоу, големо изненадување доаѓа за неколку денови. Имено, продукцијата одлучи повторно да почнат со емитување на реалното шоу „Парови“.
Реалното шоу „Парови“ доживеа огромна популарност во изминатите три месеци, а иако се веруваше дека „Малдиви“ ќе успее да ги надмине, тоа сепак не се случи. Како би ја закомплицирале ситуацијата и би ја одржале големата гледаност, продукцијата на телевизијата „Happy“, одлучи повторно да ги изненади своите гледачи и да почнат со емитување на најгледаното реално шоу „Парови“. Она што сигурно го знаеме е дека нема да биде како претходниот серијал, но ќе биде далеко поинтересно.