Миљана Кулиќ, реалното шоу „Малдиви“ го напушти поради пејачот Игор Костиќ во кого се заљуби во текот на натпреварувањето, но по излегувањето падна во депресија бидејќи пејачот не ѝ одговара на повиците.
– „Морав да ја попцујам продукцијата на „Малдиви“, како би ме исфрлиле бидејќи се заљубив во Игор и сакав да излезам како би биле заедно. Меѓутоа, тој не ми се јавува ниту ми одговара на пораките, поради што сум во депресија. Во реалното шоу ми нарачуваше песни, а сега ме игнорира“ – изјави Миљана, додека Игор познавајќи го нејзиното минато одлучил да ги блокира сите нејзини телефонски броеви како не би го вознемирувала:
– „Ги блокирав сите нејзини телефонски броеви, но таа и понатаму се јавува од некои други телефонски броеви. Немам идеја што да правам, но не е пријатно. Ќе видам, ако продолжи да ме вознемирува, на кого и како ќе го пријавам случајов. Нејзината заљубеност навистина не би ја коментирал“ – изјави Игор, додека Миљана е очајна поради неговиот потег.
– „Што си тој замислува, дека е Мишел Гвозденовиќ?! Дека ќе го бркам по настапи? Не ми паѓа на памет. Еве, во овој момент ќе го избришам неговиот телефонски број. Можел барем да ми се јави и да ми каже да не му се јавувам бидејќи поради него го напуштив реалното шоу и сега повеќе никој не разговара со мене бидејќи ниско паднав“ – тврди Миљана.