Дали се сеќавате грдата Бети од истоимената серија, лик кој го толкуваше Америка Ферера?
Оваа дебела, неугледна Мексиканка денеска изгледа сосема поинаку.
Полни четири години, односно од 2006 до 2010, “грдата Бети“ со своето сина протеза на забите ни се насмевнуваше на малите екрани и таква останала врежана во сеќавањето на публиката ширум светот.
На самиот крај на серијата Бети се разубави, но доколку и денес ги прашате фановите на оваа серија во какво сеќавање им останала Бети, тие ќе речат, разбушавена, дебелка, со протеза на забите но секогаш насмеана.
Америка Ферера во тоа време стана планетарно популарна, а нејзиниот лик ги красеше голем број на модни магазини.
Нејзината убавина дури тогаш дојде до израз, а погледнете како денес изгледа популарната 31 – годишна актерка.