Жирито имаше голема улога во оценувањето на талентираните деца, па не нѐ чуди големата заинтересираност на таа тема пред следната сезона.
Популарниот музички натпревар за деца, „Ѕвездичките на Пинк“, во првата сезона имаше пет членови на жирито, кои го сочинуваа: Милан Станковиќ, Јелена Томашевиќ, Хари Мата Хари, Гоца Тржан и Леонтина Вукомановиќ.
Како неофицијално дознаваме од извор близок до продукцијата, четири члена веднаш се согласиле да седнат во црвената фотеља и во другата сезона, додека со Хари Мата Хари сеуште траат преговорите.
Неизвесно е дали познатиот поп пејач повторно ќе го гледаме од есен, бидејќи тој, наводно, и понатаму се мисли.
Дали Хари дефинитивно ќе одбие повторно учество во „Ѕвездичките на Пинк“, останува да видиме.