Босанскиот пејач Аднан Бабаиќ кој пред неколку години му ја зеде победата на нашиот Александар Белов во музичкото шоу„Операција триумф“, не оствари блескава кариера ниту пак објави некој сингл.
Аднан кој по победата во шоуто исчезна од медиумите, денес 6 години подоцна се уште е во музичките води, но наместо да ги тресе големите музички сцени како што се очекуваше тој со сонтисајзер настапува по свадби и клубови во Чикаго, каде се преселил со својата избраничка Лејла.
– Многумина пишуваа дека се откажав од кариерата но тоа не е точно, не бараат луѓе од поранешна Југославија а во август имам договорено 15 свадби. Тоа сенастапи во добри клубови и многу сум задоволен – изјавил Аднан за срспките медиуми.
Posted by Adnan Babajic on четврток, 18 јуни 2015