Гоце Гиновски, познат со прекарот Карло Бос, ќе присуствува во реалното шоу „Големиот брат“.
Големиот брат повторно ќе се реализира и овој пат Карло Бос ќе биде македонскиот претставник.
Денес во Скопје бил одржан кастинг и за таа цел Карло напишал на својот Facebook профил дека веројатно тој ќе биде единствениот претставник од нашата земја.
Аудициите за ова шоу се одржуваа низ целиот Балкан, а за големиот интерес доказ е фактот дека се пријавиле 15. 00 кандидати кои се спремни неколку месеци постојано да бидат пред камери.