Лимонот e еден од најздравите природни продукти најмногу поради изобилството со витамин Ц како и останатите хранливи материи како што се биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамините А, Б1, Б6…
Постојат најмалку пет здравствени проблеми од кои можете да се откачите со малку сок од лимон.
- Болки во грлото – Лимонската киселина и витаминот Ц од сокот му даваат на лимонот антибактериско својство што помага за ублажување на воспалението во грлото а воедно служи и како антибактериско средство. Лимоновиот сок исто така го јакне имунолошкиот систем.
- Камења во бубрези – Лимонот содржи лимонска киселина која помага за подобра филтрација на бубрезите, заради што е добро дневно да се испие 1/2 шолја цеден лимон разреден во 7 шолји вода.
- Артритис. За да се намали болката, вкочанетоста и постојаните воспалувања на мускулите, сокот од лимон може да биде многу корисен. Исцедете сок од половина лимон во чаша вода и испијте го пред појадок.
- Запек – Една мала лажичка сок од лимон измешан во чаша топла вода како и една лажичка мед е одличен лек против запек.
- Чувствителен желудник – Измешајте сок од половина лимон и половина лажиче сода бикарбона во чаша со вода и испијте го.