Студијата на група американски научници од Универзитетот во Минесота сугерираат дека сопствениците на мачки имаат помалку шанси за смрт од срцев удар.
Во истражувањето учествувале 4435 испитаници во доба од 30 до 75 години, а нивното здравје било следено во период од 20 години.
Покажало дека особите кои никогаш не поседувале мачка имаат за 40% зголемени шанси за смрт од срцев удар односно 30% зголемена смртност од било кој облик на кардиоваскуларни заболувања.
Вакво дејство не било забележано кај сопствениците на кучиња.
Истражувачите не ја знаат причината за овој феномен, а претпоставуваат дека се работи за способноста на мачките да го редуцираат стресот и анксиозноста кај своите сопственици, намалувајќи ги изгледите за хипертензија – висок крвен притисок.